Џони Деп: „Ова беше тешка година, се надевам на подобро“

30 декември, 2020
h_55891334-725x483

Џони Деп се надева на посветла година пред себе, со оглед на тоа што 2020 година беше бурна за него. Актерот се огласи на својот профил на Instagram во неделата, објавувајќи фотографија на која седи со неговиот пријател, фронтменот на „The Pogues“, Шејн МекГован.

„Оваа година беше многу тешка за многумина. Се надевам дека ќе имаме подобро време пред нас. Среќни празници, на сите! Мојата љубов и почит кон сите вас“, гласи неговата објава.

Покрај глобалната пандемија на коронавирусот, Деп изгуби и судски процес во кој беше вклучена неговата поранешна сопруга Амбер Херд, но ги негираше сите обвинувања за злоупотреба.

Двајцата се запознаа на снимањето на филмот „The Rum Diary“ од 2011 година, а се венчаа во 2015 година. Тие го финализираа разводот во 2017 година.

„Сакам да ве известам дека Warner Bros ме замоли да си дадам оставка од улогата на Гринделвалд во „Fantastic Beasts“и јас се согласив на тоа барање“, напиша Деп во изјавата објавена на Instagram во тоа време.

Инаку, Netfliх USA и Netfliх Australia одлучија да ги избришат од својот каталог сите филмови во кои оваа холивудска sвезда игра улоги.

Причината за ваквата одлука наводно е судењето што се одржа оваа година помеѓу Xони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд и таблоидот „The Sun“.