Џорџ Клуни сам си ја шиша косата 25 години: Водителката беше воодушевена кога и кажа што прави!

30 ноември, 2020
doni

Еден од омилените холивудски актери, Џорџ Клуни (59), откри дека сам си ја шиша косата веќе 25 години и дека користи тример од 80-тите години на минатиот век, наречен „Flowbee“.

Имено, Клуни откри дека повеќе години не користел ножици за да ја потстрижува косата, ниту пак отишол на фризер.

За време на викендот, 59-годишниот актер се појави во шоуто „CBS Sunday Morning“, каде откри дека со години бил свој бербер.

Јас се шишам сам веќе 25 години. Мојата коса е многу јака и лесно е да се исече, не можам многу да погрешам – започна тој.

Пред многу години купив нешто што се вика „Flowbee“. Има правосмукалка и тример. Јас сè уште го имам – додаде тој.

„Ми требаат буквално две минути за фризура“, заклучи тој.

Тој се пошегува дека нема да ја тестира „Flowbee“ на неговата сопруга Амал и додаде дека таа сè уште оди на фризер. Неговата изјава дека си ја истрижа косата поттикна многу корисници на социјалните мрежи да се шегуваат со него, па на Интернет започнаа да кружат смешни коментари.

Слушајте, обично момче, ако користите „Flowbee“ не значи дека ќе изгледате како Џорџ Клуни – беше само еден од коментарите на Твитер.