Џорџина ја објави првата фотографија од Роналдо откако се зарази со корона вирусот: ѝ се јави со широка насмевка од креветот

13 октомври, 2020
kristijano-ronaldo-georgina-rodrigez-830x0

Судејќи според изразот на лицето за време на разговорот, Кристијано се чувствува добро

Кристијано Роналдо е позитивен на корона вирусот, а веста се прошири низ целиот Свет како ударна со неверојатна брзина.

Португалскиот ас се чувствува добро, нема никакви симптоми и е во самоизолација, потврди Фудбалскиот сојуз на Португалија.

Роналдо требаше да одигра натпревар против Шведска во среда, но поради инфекцијата, тренерот Фернандо Сантос не може да смета на него и сигурно ќе пропушти најмалку два натпревари на неговиот Јувентус, кој ќе игра против Кротоне во сабота, и против Динамо од Киев во вторник, во Лигата на шампиони.

Дека нема причина за грижа меѓу милионската армија на фановите на Кристијано Роналдо покажа и неговата свршеница Џорџина Родригез, која ја објави неговата прва фотографија откако Роналдо е заразен.

Роналдо и се јави на Џорџина за да и ги соопшти вестите и веројатно да и каже дека таа, децата, како и неговата мајка не мора да се грижат и имаше широка насмевка на лицето.

escort - Korsan taksi