Џорџина Родригез ги изненади сите со својата последна објава: Сподели досега невидена фотографија со своите обожаватели (ФОТО)

13 ноември, 2020
1346474

Пред три години, на денешен ден, свршеницата на Кристијано Роналдо отиде во породилиштето и ја роди ќерката Алан Мартина. Убавата Аргентинка на овој познат фудбалер му го подари своето прво заедничко дете, а сега се сеќава на тој среќен момент

Фудбалерот Кристијано Роналдо има три деца кои му ги подарија сурогат мајки, синот Кристијано Роналдо Јуниор и близнаците Ева и Матео. Потоа ја доби ќерката Алан Мартина со својата сакана свршеница Џорџина Родригез.

Овој пат, славниот Португалец беше присутен на раѓањето и тоа беше посебно искуство за него и за неговата партнерка. Денес, малата Алан Мартина го слави својот трет роденден, а нејзината мајка се присети на еден момент од породилното одделение што го сподели на социјалните мрежи.

Таа покажа досега невидена фотографија направена неколку часа по породувањето, кога нејзината ќерка беше поставена на нејзиниот болнички кревет.

Додека исцрпената мајка спие, новороденчето ужива во нејзините раце. Оваа емотивна фотографија ја воодушеви армијата од над два милиони следбеници на популарната социјална мрежа.

Роденденот на неговата најмлада галеничка исто така јавно го одбележа славниот фудбалер. Тој објави нејзина фотографија од автомобилот, покажувајќи колку пораснала.

escort - Korsan taksi