Џуд Ло чека дете: 14 години помладата сопруга е бремена!

20 мај, 2020
Џад Ло

Минатата година славниот заводник Џуд Ло (47) застана пред олтарот по трет пат. Срцето му го зароби 14 години помладата докторка Филипа Коен (33).

Згодната блондинка сега ќе му подари и дете. Нивното прво заедничко дете за заводникот ќе биде шесто по ред.

Џуд Ло прв пат се ожени во 1997 година, кога имал 27 години. По 6 години брак и три деца со модната дизајнерка Седи Фрост, актерот се разведе.

Освен нив, тој има и две вонбрачни деца кои му ги родиле моделот Саманта Бурк и музичарката Кетрин Хардинг.