Ѕирнете во собата на малата наследничка на Кети Пери и Орландо Блум- Оваа специјално дизајнирана облека ќе Ве воодушеви!

17 август, 20200
keti-peri-orlandom-blum-1-830x0

Кети е во деветтиот месец од бременоста и брои ситно до породувањето

Пејачката Кети Пери (35) и актерот Орландо Блум (43) наскоро ќе имаат ќерка, а пејачката покажа како изгледа собата за нивната наследничка.

Кети е во деветтиот месец од бременоста и брои ситно до породувањето, а дека сè е подготвено за пристигнување на наследничката, може да се види во видеото во кое пејачката ги покажа сите детали од детската соба и дел од гардеробата за девојчето.

Пејачката е видно возбудена и среќна го покажува креветчето како од бајките, столчето, просторот за преслекување, каде има пелени и средства за хигиена, но и разни светкави играчки со кои ќе си игра нивната ќерка.

Бидејќи е девојче не е изненадувачки што во собата доминираат розови детали, од ѕидовите на кои висат фустани за принцези, низ предмети, а пејачката не може да ја скрие својата возбуда дека ќе се реализира во улогата на мајка за прв пат.

Кети исто така покажа како изгледат оделцата за нејзината ќерка, боди и фустани, а сите ги разнежни креацијата со ликот на гордиот татко Блум.

– Возбуден сум. Тоа е магично време кога еден ангел доаѓа на планетата, бидејќи тоа е токму такво чувството. За мене, тие мирни моменти дома, кога сте само со семејството и бебето, се грижите и гледате каде можете да помогнете и што можете да направите за тој мал живот на овој свет – рече Блум неодамна на шоуто „Добро утро Америка“.

Погледнете ја собата за ќерката на Кети и Орландо, како и костумот, во галеријата подолу:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi