Ѕвездата на најпознатиот хорор филм во историјата „РИНГ“ е пронајдена мртва!

28 септември, 2020
филм

Четириесетгодишната јапонска актерка Јуко Такеучи беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Токио.

Полицијата започна истрага, а според извештаите во медиумите, оваа наградувана актерка, мајка на две деца, најверојатно извршила самоубиство.

Телото на актерката го пронашол нејзиниот сопруг, исто така актер Таики Накабајаши, а лекарите во болницата можеле само да ја констатираат нејзината смрт, пренесуваат медиумите.

Такеучи беше позната актерка во Јапонија, а беше позната по улогата во познатиот јапонски хорор филм „Прстен“ од 1998 година. Таа се здоби со светска популарност во 2018 година, играјќи во серијата „Мис Шерлок“ во продукција на HBO.