ЅВЕЗДАТА НА „ПРИЈАТЕЛИ“ ПИШУВА КНИГА во која ќе открие сочни детали од сетот: Книгата ќе биде бестселер!

8 ноември, 2020
пп1

Во книгата Метју ќе се осврне и на неговиот проблем со зависноста, но и на неговите поранешни љубови


Додека навивачите со нетрпение го чекаа повторното обединување на екипата „Пријатели“, Метју Пери се фрли во водите на писателите. Имено, ѕвездата на култната серија наводно завршува со пишување книга во која ќе открие сочни детали од сетот, што неговите колеги сигурно нема да ги воодушеви.

Во книгата Метју ќе се осврне и на неговиот проблем со зависноста, но и на неговите поранешни љубови. „Метју не е идиот. Тој знае дека нецензурираните приказни од сетот на серијалот и неговиот проблем со дрогата ќе биде бестселер“, изјави близок извор.

Пери исто така вети дека ќе открие детали за неговите поранешни девојки, вклучувајќи ги Џулија Робертс, Кортни Кој и Џенифер Анистон. Имено, некое време се шушкаше дека Метју и Џен се заедно. „Се гледаа некое време. Иако не тоа не траеше долго, тој реши да пишува за тоа“, рекол изворот.

escort - Korsan taksi