Ѕвездата од „Breaking Bad“ сè уште ги чувствува последиците на коронавирусот пет месеци по инфекцијата: „Само 75 проценти од сетилото за мирис ми се врати, мислев дека ќе помине, но…“

6 декември, 2020
Screenshot_8

Короната не е мала шега, како што покажува примерот на славниот американски актер Брајан Кренстон, кој вели дека дури и по пет месеци откако се заразил, тој сè уште ги чувствува последиците. Актерот, кој се стекна со слава во популарните серии „Breaking Bad“ и „Malcolm in the Middle“, пред пет месеци ѝ откри на јавноста дека има корона и ги повика луѓето да бидат внимателни.

Потоа објави видео клип направен пред клиника за дарување крв, во која дава крвна плазма. Тој ја повика својата милионска „армија“ на следбеници на социјалните мрежи да се однесуваат одговорно и да ги почитуваат мерките. Во објавата тој исто така изјави дека имал среќа, и предупреди на потребата да се дистанцира и да носи маска.

Пет месеци подоцна, актерот повторно проговори за ковид, наведувајќи дека неговото чувство за мирис и вкус сè уште не се вратиле целосно. Иако имал само поблаги симптоми среде болеста, и покрај тоа што сè поминало за десет дена, сепак, последиците од глобалниот вирус, призна тој, му го расипуваат квалитетот на животот.

– Од тие десет дена, се борев со треска три дена, по што се чувствував многу исцрпено со денови. Мислев дека ќе помине, сè ќе помине, но пет месеци подоцна ги чувствувам последиците од короната. Само 75 проценти од чувството за мирис ми се врати – рече славниот актер во ТВ-емисија.