Ѕвездата од серијата “Два и пол мажи” доживеа тежок срцев удар, воопшто не може да комуницира

17 јули, 20200
Annotation 2020-07-17 143706

Кончата Ферел доживеа тежок срцев удар и се наоѓа на респиратор во болница во тешка состојба.

 Ѕвездата од серијата “Два и пол мажи” 77-годишната Кончата Ферел, која не освои со улогата на симпатичната куќна помошничка Берта, доживеа тежок срцев удар и моментално се бори за живот, на респираторна машина, пренесува ТМЗ.

Кончата заврши во болница уште во мај, поради проблеми со инфекција која и задавала здравствени проблеми во последната година. Неколку дена показно доживеа срцев удар, поради што помина четири недели на одделот за интензивна нега, а сега е префрлена на одделение за долготрајно лечење. Докторите морале да ја приклучат на респиратор и се наоѓа во полусвесна состојба, но не може да комуницира.

Нејзиниот сопруг Арни за ТМЗ изјави дека не може да ја посети поради корона вирусот, но секојдневно комуницира со медицинскиот персонал за нејзината состојба и потврди дека Кончата не е заразена со корона.

“Мора да помине одредено време за закрепнување. Се тоа е на нервна база и ништо не можеме да направиме за да го забрзаме процесот. Се надеваме на најдоброто”, изјави Арни.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *