Еден детал откри сè: Кортни Кардашијан и Скот Дисик повторно заедно? (ФОТО)

9 ноември, 2020
Dom Perignon With Alex Dellal, Stavros Niarchos, And Vito Schnabel Celebrate Dom Perignon Luminous Rose

Кортни Кардашијан и Скот Дисик се омилен пар на многу љубители на реални шоуа кои го следат животот на семејството Кардашијан. Иако никогаш не се венчаа, нивната вонбрачна врска траеше со години, а тие негуваа пријателска врска дури и по раскинувањето, за нивните три деца да не поминат низ емотивна криза. Иако и двајцата беа во врска со многу помлади партнери, се чини дека раскинувањето само им помогна на двајцата да сфатат колку всушност се сакаат.

View this post on Instagram

selfie selfie

A post shared by Kourtney Kardashian (@kourtneykardash) on

По роденденското патување на Ким Кардашијан, парот сподели неколку неверојатно романтични фотографии, кои ги натераа обожавателите ширум Светот да помислат дека сега конечно е време за помирување. Зајдисонце и тие двајцата, има ли нешто повеќе што навестува помирување? Сè уште постои.

Кортни Кардашијан на нејзината приказна на Instagram пред неколку дена објави слика од почетокот на нивната романса, што предизвика уште поголеми сомнежи кај обожавателите.