Една од најубавите жени на светот на плажа со својот вереник ПОКАЖА ОДЛИЧНА ФИГУРА!

13 септември, 2020
oli naslovna

Таа го запозна својот вереник и холивудски колега Џејсон во ноември 2011 година, но тие се вљубија половина година подоцна. Актерката не откри кога ќе застане пред олтарот.

Актерката Оливија Вајлд паузираше од обврските да ужива на плажите во Малибу, а фотографите ја фатија во одлично расположение додека шеташе во плиткото со својот вереник Џејсон Судеикис.

36-годишната убавица покажа завидна фигура во едноделен црн костим за капење. Оливија неколку пати беше прогласувана за една од најубавите жени во светот, а добива воздишки и од мажи и жени поради нејзината убавина и стил.

Таа го запозна својот вереник и холивудски колега Џејсон во ноември 2011 година, но тие се вљубија половина година подоцна. Џејсон тогаш помисли дека Оливија се гледа со некого, додека таа сметаше дека актерот едноставно не е заинтересиран за неа, што го откри во едно интервју во 2013 година, неколку месеци по свршувачката. Тие сè уште не откриваат кога планираат да застанат пред олтарот.

Оливија веќе беше во брак со музичарот и режисерот Тао Русполи, член на аристократско семејство за кој се омажи во 2003 година, кога имаше само 19 години. Двојката се венча во Вашингтон во училишен автобус само во присуство на кумовите.

Нејзиниот вереник исто претходно застанал пред олтар, во 2004 година се оженил со писателката Кеј Канон. Тие се разведоа четири години подоцна.