Една од најубавите жени покажала како изгледа без тронка шминка!

19 мај, 2020
софија 2

Софија Вергара е една од најубавите и најсекси жени на светот. Каде и да се појави, убавицата од Колумбија изгледа како милион долари.

Секогаш е средена од глава до пети, а јавноста речиси никогаш немала прилика да ја види без шминка.

Овој пат, ѕвездата од серијата “Modern family” решила да покаже како изгледа во сосема природно издание.

Така, Софија се опуштила со сопругот Џои покрај базен, а на фотографијата може да се види како таа изгледа без шминка.

Многумина би рекле, вистинска природна убавица!