Едвај го задржа деколтето додека заводливо се фотографираше на плажа, a љубопитните погледи воопшто не ѝ пречеа (ФОТО)

7 ноември, 2020
Screenshot_9

Џои Кориган позираше во тесен костум за капење на плажа во Мајами каде што имаше модно снимање и привлекуваше внимание.

Американската манекенка и модел на Playboy, Џои Кориган, има полни раце работа и за време на пандемијата на коронавирусот, кој не ја успори, таа снима нови едиторијали од недела во недела, а еден од последните е на плажа во Мајами.

25-годишната Џои позираше во бело тесно бикини кое едвај ги дежеше градите додека заводливо ги менуваше позите пред објективот, игнорирајќи ги многуте љубопитни погледи на минувачите. Исто така, многумина се воодушевени од нејзината врвна форма, што се должи на исхрана базирана на растителна храна.

Покрај модните писти и снимања, Џои е популарна и на социјалните мрежи, на Инстаграм моментално има скоро 670 000 луѓе со кои со задоволство ги споделува своите разголени фотографии. Неодамна, во едно од интервјуата, таа призна дека не е срамежлива и дека тоа отворено ќе му го покаже на маж кој ќе ѝ се допадне.

“Поканете го на состанок, кој вели дека девојките не треба први да го сторат тоа? Претпоставувам дека тоа е затоа што само знам што сакам. Ме привлекуваат момци кои можат да ме насмеат, да свират инструмент или да ме победат во шах. Моето семејство е исто така многу важно, па ако се грижи за вистинските семејни вредности, вреди да се обиде да се задржи. За мене, е подеднакво секси и момче кое се грижи за своето тело и активно се занимава со вежбање“, изјави Џои за „Maxim“.