Егзотик испрати писмо од затворот: „Губам тежина, не знам каде е мојот сопруг. Ќе умрам овде„

9 јуни, 20200
imageedit_201_5173500203

Контроверзниот Џо Егзотик (57), во моментов е во затвор и издржува казна од 22 години за злоупотреба на животни и планирање на убиството на неговата противничка Карол Баскин (59), љубител на големите мачки.

„Daily Mail“ пишува дека тој испратил писмо во понеделникот во кое напишал дека ќе умре за два до три месеци ако не добие помош од претседателот на Соединетите држави, Доналд Трамп. Напишал и дека неговата душа е мртва и дека за него е многу тешко да нема пристап до мобилен телефон или е-пошта. Во писмото стои и дека прима инфузии на крв на секои четири недели заради имунодефициенција. Го моли претседателот за чудо, да го пушти на слобода.

„Слабеам, чировите не поминуваат, наскоро ќе умрам. Ова изгледа како сум испратен во смрт, ова е пекол на земјата„ – напишал Егзотик. Тој прашал и за неговиот сопруг Дилон Пасаж. Прашува каде е, што работи и тврди дека од него не добил писмо ниту телефонски откако е во затвор.

„Не знам дали сум сеуште во брак. Ми се чини дека тој сега е зафатен со правење пари и сака да стане славен“ – додал тој.

Џо Егзотик ја споредил својата затворска казна со смртна казна, а во вториот дел од писмото се осврнал на расата затоа што сметал дека ќе се лекува подобро со оглед на тоа дека е белец. Во заклучокот на писмото, тој апелирал до познати личности како пејачката Карди Б и реалити ѕвездата Ким Кардашијан да му помогнат да излезе од затвор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi