Елена Велевска и Перо Антиќ со заедничка фотографија? : „Само што се запознавме“

20 ноември, 2020
elena-veleska-pero-antic

Кон почетокот на годинава фолк пејачката Елена Велевска јавно призна дека на нејзиниот брак и покрај сите нејзини напори му нема спас, заедничкиот живот со сопругот пропаднал и дека во тек е бракоразводна постапка.

За естрадниот магазин „Бекстејџ“, тогаш таа истакна дека разводот е во тек.

Jaс кажав дека нема да разговарам на оваа тема бидејќи во бизнисот одлично ми оди, но не и во љубовта. Децата ми ја дават енергијата кој ми е потребна, а за маж…има многу мажи во светот ,кажа тогаш Елена.

Таа сега повторно зборуваше пред камерата на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ и се уште беше резервирана за оваа тема, но накусо кажа:

Разводот стана долг и досаден, што и како е и самата не знам, кажа Велевска.

За неа шпекулации и невистини се пишуваат во медиумите, а посебно се осврна на гласините што кружат за неа и за кошаркарот Перо Антиќ.

Неодамна по една заедничка фотографија со Перо Антиќ почнаа да кружат гласини дека меѓу Елена и Перо се во врска, но таа децидно негира.

Не е вистина за врската со Перо. Само што се запознавме и секој си ја протолкува фотографијата на свој начин. Веќе сум имуна на ваквите шпекулации, вели Елена за „Бекстејџ“.

escort - Korsan taksi