Емоционална Северина: Тоа за мене беше куќа без срце

11 мај, 20200
Naslovna

По повод вчерашниот ден на мајките, Северина Којиќ напиша  трогателна порака за нејзината мајка Ана:

“Ова е мојата мајка, кој и да ја запознае, секој ја сака – весела, подвижна, луцидна, духобита и да не набројувам… и тоа се во своите 82 години. Кога таа не беше дома, тоа за мене беше куќа без срце. Во најтешките моменти на мојот живот таа секогаш беше брилијантно точна: “Ќерко, слушај, само напред и не мисли за вчера, што поминало,поминало…” Еј душо (кога ме бара на телефон) кажи ми каде си? Дали јадеше? Сега ме бараше една нешто да ме праша нешто да пишела за тебе. А јас и одговарам : Па секако, а за кого друг би пишувала? Па потоа читав во “Слобода” дека те напаѓа некој поп. И јас му го најдов бројот убаво му објаснив на него. И уште му реков ако те спомне уште еднаш, дека јас ќе му го покажам Бог. И тоа била сега на телевизија, ама не го спомена тоа… А и пред некој ден некоја спомнала во автобус “Северина”, и јас ја прашувам: “Што Северина”? А она кажуала: “А дали вие ја познавате?” а мајка ми и рекла: Да , ја познавам од мали нозе”. Слушај ќерко, ти знаеш која си и мајка ти знае, и цел свет да се сврти наопаку, и “оној горе” знае. А знаеш и ти и затоа верувај во себе, слушна? Туку каде ми е внукот, дај ми да го слушнам на телефон…Алоооо, баба е музуфиру мој…

И така ми е на мене со неа…

“Нека те чува Бог, сине мој, а мајка се моли за тебе”.

И јас за тебе мајко…

Среќен Ден на мајките, те сакам Мамо” – напишала Северина во својата објава

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *