Естетските хирурзи откриват што сменила Меган Маркл на своето лице

1 јуни, 2020
megan

Пластичните хирурзи признаваат дека побарувачката за изгледот на поранешната војвотка од Сасекс е во постојан пораст.

  • Меган има скоро совршен обликуван нос. Правилно и се поставени очите и брадата во облик на буквата V. Лицето и има добар облик и е блиску до она што старите Грци го нарекувале совршенство – изјавил во една прилика естетскиот хирург Де Силва за британските медиуми.

И додека сите и завидуваат најмногу на нејзиниот нос, кој изгледа навистина женствено, стручњаците тврдат дека тоа не е подарок на природата туку дека тоа е работа на некој пластичен хирург.

https://www.instagram.com/p/BjCBKedh5Bi/?utm_source=ig_web_copy_link

На нејзините фотографии од тинејџ деновите јасно може да се види дека нејзиниот нос изгледал покрупно, иако Меган никогаш не признала дека подлегнала на било каква естетска интервенција.