Ева Лонгорија проговори за проблемите со кои се соочува како мајка

9 октомври, 2020
119161681_631636097555534_6277585984574973176_n

Ништо не е онака како што изгледа

Холивудската миленичка, 45-годишната Ева Лонгорија, не крие колку ужива во мајчинството и моментите што ги поминува со својот двегодишен син Сантијаго, а доказ за тоа се бројните објави на нејзиниот Инстаграм профил. Сепак, да се биде родител воопшто не е лесно, особено кога воспитувањето на детето се случува пред јавноста, призна самата Ева за време на гостувањето на подкаст кај нејзината колешка Ана Фарис.

Имено, зборувајќи искрено за мајчинството, актерката откри дека, откако го роди малиот Сантијаго, наиде на бројни критики и осуди од други мајки. Исто така, објасни зошто никогаш не одговара на прашања за тоа како го воспитува својот син. „Не сакам да зборувам јавно за тоа како го воспитувам Сантијаго затоа што сум свесна дека тоа може да создаде одредени комплекси за другите мајки. Кога велам дека уживам во мајчинството, добивам повратни информации дека сум одлична мајка и истовремено жените ми испраќаат како се чувствуваат како помали мајки“, започна актерката, потенцирајќи дека остатокот од семејството многу ѝ помага во воспитувањето на синот.

„Не сакам да бидам од оние мајки што ќе се појавуваат во медиумите и ќе кажат дека ги легнуваат своите деца во седум затоа што студиите за развој на мозок го советуваа тоа … Мислам, одлично за вас, но јас не сум од тие“, рече таа. 45-годишната жена за време на посетата стави до знаење дека и таа, како и повеќето други мајки, има свои подобри и полоши денови и дека мајчинството, без оглед како изгледа на јавноста, не е лесна работа.

Потсетуваме, темнокожата убавица која се прослави со улогата на Габриела Солис во култната серија „Домаќинки“ во која ги насмеа фановите со својот весел дух и многу луди работи што ги направи, е во брак со мексиканскиот бизнисмен Хозе Бастон од 2016 година. Во 2018 година се роди нејзиниот син Сантијаго.