Еве зошто врската меѓу Бред Пит и Џенифер Анистон е посебна и нераскинлива

28 јуни, 2020
collage-48-725x483

Во последно време, односот меѓу поранешните сопружници Џенифер Анистон и Бред Пит ја заинтригира јавноста, особено затоа што тој сè уште се гледа низ призмата на Анџелина Џоли.
До крај на бракот на Анистон-Пит дојде кога актерот ја изневери својата сопруга со шест години помладата, Анџелина Џоли. Џенифер подоцна тврдеше дека поминала низ сето тоа и дека секогаш ќе го сака Бред, што може да се види и по нејзиното однесување по разводот на Бред и Анџелина.

Патем, Џенифер Анистон имаше многу отворен, но и емотивен разговор за „Vanity Fair“ уште во 2006 година, кадешто откри зошто врската меѓу неа и нејзиниот поранешен сопруг е посебна и нераскинлива, како и зошто таа ќе го сака, без оглед на сè. Актерката тогаш изјави дека, иако времето што двајцата го поминале заедно не траело долго, таа научила многу важни работи од Бред за тоа време – како да се забавува, како да тагува, но и како да ги лекува сопствените рани.