Фановите на Пери и Блум станаа напорни: „Покaжете ни го малото“
Од кога пејачката Кети го роди своето прво дете, нејзините обожаватели, но и оние на нејзиниот партнер, не престануваат да коментираат на социјалните мрежи дека сакаат да го видат девојчето што побрзо.
Актерот Орландо Блум (43) и пејачката Кети Пери (35) добија бебе кон крајот на август, наречена Дејзи Доув Блум. Уште од раѓањето на бебето, обожавателите на оваа двојка не престанаа да бараат фотографија од девојчето.
Орландо објави фотографија на социјалните мрежи од теретана. Неговата маица беше испотена затоа што штотуку заврши со тренинг, но фановите не беа премногу заинтересирани за тоа. Тие го пофалија дека е упорен и мило им е што се грижи за своето тело и здравје, но сепак ги интересираше како е едномесечната ќерка.
– Чекаме фотографија од Дејзи – напиша еден следбеник, а друг додаде:
– Каде е сликата на малото, чекаме премногу долго.
Пејачката и актерот започнаа романса откако беа наградени со Златен глобус во јануари 2016 година, но раскинаа една година подоцна. Сепак, парот се смири во април 2018 година, а потоа падна и свршувачката. Кети веќе беше во брак со Расел Бренд (45), но нивниот брак се распадна по две години.
На Кети ова ѝ е прво дете, а свршеникот Орландо го има синот Флин (9) од бракот со манекенката Миранда Кер (37).
Пејачката и актерот имаа намера да се венчаат во Јапонија, но церемонијата беше одложена поради пандемија на корона вирусот. Сега уживаат во приновата и ќе го кажат судбоносното „да“ кога ќе се појави можност.