Фановите убедени: „Водителката претрпе мозочен удар среде емисија“

9 ноември, 2020
венди

Познатата американска телевизиска водителка, 56-годишната Венди Вилијамс, според најновите пишувања на магазинот „Глоуб“, претрпе мозочен удар пред неколку дена среде водење на емисијата. Имено, контроверзната водителка, која неодамна ги загрижи обожавателите кога фотографиите од нејзините отечени стапала го обиколија целиот свет – последиците од прогресивниот оток на меѓуклеточното ткиво, сега е повторно во центарот на вниманието на медиумите.

Wendy Williams

Како што е опишано од споменатиот таблоид, во емисијата што се емитуваше на 23 октомври, водителката ја интервјуираше Адел, а за време на разговорот со познатата пејачка, Венди имаше потешкотии при изговорот на одредени зборови, како и во одржувањето на концентрацијата, па на некои им се чинеше дека во неколку наврати накратко ја изгуби свеста. Иако и самата не се огласи за овие гласини, нејзината состојба за „Глоуб“ беше анализирана од неименуван лекар кој исто така го прогласи за „минлив исхемичен напад“ познат и како ТИА, што е еден вид мозочен удар.

Според медицински експерт, ако не се лекува, истото може да доведе до вистински мозочен удар во кој мозокот ќе престане да работи, делови од телото ќе бидат парализирани и, за жал, во многу случаи завршуваат со смрт.

escort - Korsan taksi