13 август, 2020

Планетарно популарната пејачка Бритни Спирс уште еднаш ги згрози и загрижи фановите со најновите објави на нејзиниот профил на Инстаграм. Прво, таа објави фотографија на која има бели цвеќиња и го спомнува Бога.

„Бог е во малите работи и тоа е сè што е важно“, напиша Бритни покрај фотографијата на која има четири цвеќиња.

Нејзините фанови, покрај тоа што ја опишуваат фотографијата, ги коментираа и ноктите, што можат да се види на фотографијата. Со оглед на тоа што изгледаат неуредни, тие веднаш претпоставија дека нешто не е во ред со Бритни повторно.

„Дали таа ни испраќа SOS сигнал со нокти?“

„Таа се полуде повторно, помогнете и“, напишаа загрижените фанови.

Потоа таа објави фотографија од уметникот Ханс Заке, а потоа и фотографија во која беше замачкана нејзината шминка.

View this post on Instagram

🌸⭐️💋 #HansZatzka

A post shared by Britney Spears (@britneyspears) on

„Бог да ве благослови сите“, напиша Бритни под таа фотографија.

Сите овие фотографии предизвикаа забуна кај фановите. Тие и пишуваа да направи видео за да се уверат дека се е во ред.

Тие се прашуваа какво е значењето на објавените фотографии и кој всушност ги објавува.

Забележале и дека бројни фотографии од профилот на Инстаграм на Бритни „исчезнале“ и дека се молеле таа да го издржи овој период.

View this post on Instagram

GOD BLESS YOU ALL !!!!!

A post shared by Britney Spears (@britneyspears) on

Бритни имаше еден од најтешките периоди во животот во 2007 година, кога ја се избричи ќелаво поради нервниот слом, по што и требаше долго време да се опорави.

Остави коментар

Почетна // Sun Story // Фановите загрижени – Бритни Спирс повторно забега!
Горе