ФЕДЕРЕР БЕШЕ ПРЕМНОГУ ВОЗНЕМИРЕН ПОРАДИ НОВАК! Тренерот на Федерер КОНЕЧНО откри колку Џоковиќ го уништувал Швајцарецот!

11 мај, 2020
новак

Пол Анакон, поранешен тренер на Роџер Федерер, изјави дека Швајцарецот е многу повреден од поразот на Новак Џоковиќ во финалето на Вимблдон во 2019та година!

Во тоа историско финале, Федерер имаше два свои сервиси, но Џоковиќ на крајот славеше со 13:12 во петтиот сет.

“Мислам дека Роџер не направи ништо лошо тука. Тој мораше да го затвори натпреварот против најдобриот дефанзивец во историјата на тенисот. Може да бидат обвинети нервите и многу други работи, но после таков пораз може да ви падне брадата од размислување колку сте биле блиску“. Анкон посочува и додава:

“Знам дека тој беше крајно вознемирен, но и предходно сме разговарале со него за  натпреварите со Џоковиќ на УС Опен. Овие порази исто така беше тешко да се прифатат, (во 2010 и 2011 година Федерер имаше два меча по ред), но Роџер секогаш ме потсетуваше на некои победи што можеби не требало да ги постигне “, рече Анакон.