Филмот “365 дена” добива продолжение и покрај негативните коментари

17 јуни, 20200
Annotation 2020-06-17 135011

Полската еротска драма “365 дена” стана хит на нетфликс, а објавена е на 7 јуни, но од филмските критичари доби главно негативни коментари.  

Филмот е најгледан во поголемиот дел од земјите ширум светот. Драмата “365 дена”  настанала според првата книга од еротската трилогија на полската писателка Бланка Липинска и откако екранизацијата доживеа голем успех, се чекаат преводи од книгата на англиски јазик.  

Филмот ја следи Лаура, која е киднапирана од Масимо, водач на сицилијанската мафија. Тој одлучува да ја држи во заробеништво во Италија една година, односно додека таа не се заљуби во него. Лаура ја толкува полската млада надеж Ана Марија Сиеклуцка, а Максимо го игра маркантниот италијански глумец Мајкл Морон.

Критичарите не ги штедеа лошите зборови при пишување критики за филмот “365 дена” објаснувајќи дека станал популарен само поради порнографската содржина. Доби мноштво лоши коментари и како што тврдат го романтизира киднапирањето и присилната љубовна врска, па затоа филмот го поврзуваат и со Стокхолм синдромот.  

Доби оцена 3,7 од можни 10 на познатата страница за филмови и серии IMDB, а му ја дадоа околу 11.400 гледачи. А и Rotten Tomatoes му додели 30 од можни 100 проценти на основа на критиките од публиката.

Сепак, на гледачките за око им западна згодниот глумец Мајкл и велат дека е најсветлата точка на филмот, а своето обожавање го пренесоа и на неговиот инстаграм профил кој сега брои 4.3 милиони следбеници. Меѓу останатото ги освои и со својот талент, свирењето гитара без маица и пеењето, како и со многуте провокативни фотографии на кои го покажува своето извајано тело.

View this post on Instagram

Clik 📸 . @raffaelecerracchio

A post shared by Michele Morrone (@iammichelemorroneofficial) on

Истовремено, неговата колешка Ана Марија има нешто повеќе од милион следбеници и најави продолжение на филмот кога ситуацијата со корона вирусот ќе се подобри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi