Габриел Унион поднела пријава за ДИСКРИМИНАЦИЈА против продуцентите на America’s Got Talent
Таа исто така рекла дека директорот на NBC Entertainment, Пол Телегди ја уценувал дека била свиркач.
Габриел Унион преземала правни мерки против продуцентите на шоуто America’s Got Talent, како и NBC Universal и други компании. Во тужбата за дискриминација тврди дека секојдневно имало расистичко однесување на сетот. Исто така тврди дека директорот на NBC Entertainment, Пол Телегди ја уценувал дека ќе и возврати ако таа некогаш кажала што се случувало на шоуто.
Меѓу другите проблеми, Унион ги наведува и расистичките шеги и перформанси, дискриминацијата на база на сексуалната ориентација и прекумерен фокус изгледот на женските судијки.
Според документите кои соработникот на New York Magazine Јашар Али ги пронашол, адвокатот на Унион Брајан Фридман кажал во изјава:
- „Кога Габриел Унион ги извести NBC за расистичко однесување за време на снимањето на America’s Got Talent, тие не ја поддржаа и не беа бесни на расизмот“ – вели адвокатот.
- „Тоа што беше најголемо разочарување беше фактот што Пол Телегди, директорот на NBC Entertainment, всушност ја уценуваше г-ѓицата Унион во обид да ја замолчи за таа да не ја каже вистината за расистичките актови кои се случувале на шоуто.“
Унион исто така ќе поднесе посебна пријава и против Сајмон Кауел, според Али.
Пријавата доаѓа по неколку месеци откако таа беше избркана од талент шоуто поради нејзините критики за културата и однесувањето на сетот на America’s Got Talent. Таа уште претходно ги истакнала проблемите со расизмот и други негативни искуства на долги разговори со главните луѓе на NBC и продуцентите на шоуто.
Таа претходниот декември постираше: – „Ова е изморувачки, ми предизвикува анксиозност и понекогаш страв, но можноста да ја кажам вистината ми ја исполнува душата.“