Генијален народ: 7 работи кои ги прават само шпанците!

15 мај, 2020
шпанкија 1

Во продолжение прочитајте ги необичните обичаи на Шпанците.

Одење со мокра коса

Колку пати родителите ве предупредувале да не излегувате со мокра коса? Во Шпанија одамна се откажале од таа забрана зашто Шпанците имаат обичај да ја мијат косата наутро, а не навечер. Како што се научени сите работи да ги оставаат за утре, така и миеењето на косата најчесто го прават пред излегување, па тие едноставно немаат време за да ја сушат косата. Немојте да се изненадите ако наутро видите луѓе со мокра коса, од 7 до 77 години.

Повторување на придавки по неколку пати

На пример, кога ќе видите убава девојка, ќе речете “баш е убава оваа девојка”. Но Шпанците таа убавина ќе ја нагласат неколку пати, па очекувајте да кажат “колку е убава, убава, убава оваа девојка”. Целта е да ги направат работите поемотивни.

Излегување во кафулиња со деца

Во Шпанија е сосема нормално да одите во бар со целото семејство. Дури и доцна навечер, децата спијат до нив. Тоа се смета за нормално и никој нема да повика социјална служба.

Лупење на овошјето

Не само што го лупат секое овошје кое треба да се лупи, Шпанците го лупат буквално секое овошје: праски, јаболки… Обичајот е од старо време кога луѓето во руралните средини немале пристап до чиста вода, па за да се заштитат од штетните бактерии тие редовно го лупеле овошјето.

Ја делат сметката на еднакви делови

Заборавете го германскиот модел каде што секој си го плаќа својот дел. Шпанците работат поинаку. Секој кој седи на маса ја плаќа сметката подеднакво.

Страв од вторник

Старите Шпанци сметаат дека во вторник луѓето не треба да се венчаат, патуваат или селат. Објаснувањето е дека вторник е ден на богот на војната (Арес или Марс), па тој ден подобро е да не правите ништо…

ОК е и минимален приватен простор

Ако сте странец, може и да ви изгледа дека Шпанците не се оптеретуваат со приватниот простор. Кога разговарате, често ви се внесуваат во лице, а тука неизбежно е и тапкањето по рамо. Од друга страна тоа е и позитивно зашто така ја покажуваат својата опуштеност и сигурно би ви било полесно да комуницирате со такви луѓе.