Ги освојуваше најубавите жени на Светот, но денес никој не може да остане имун на неговата 31 година помлада сопруга

25 ноември, 2020
Screenshot_13

Винсент Касел и Тина Кунакеј беа снимени на плажите во Рио де Женеиро.

Холивудскиот актер Винсент Касел и неговата 31 година помлада сопруга Тина Кунаки се едни од најатрактивните парови на денешницата и се следи скоро секој нивен чекор каде и да се.

Така овие денови беа снимени како уживаат на плажите во Рио де Женеиро, каде 54-годишниот актер всушност се чувствува како дома со оглед на тоа што живеел во Бразил пет години и имал државјанство. Неговата 23-годишна сопруга совршено се вклопи во приказната со нејзините бујни облини и покажа беспрекорна фигура во бикини на која и завидуваат и постарите и помладите колешки.

Двојката ја доби ќерката Амазонија во април минатата година, а Винсент од претходниот брак има две деца. Веста дека очекуваат дете беше објавена неколку месеци откако се венчаа на приватна церемонија во југозападна Франција во август 2018 година.

Медиумите првпат ги поврзаа уште во 2016 година, кога Тина, која тогаш имаше само 19 години, ја објави својата прва заедничка фотографија на Instagram, на која разменија нежност, со што ја изненадија јавноста.

Тоа беше нејзин прв брак, додека Винсент беше оженет со една од најубавите жени во светот, италијанската актерка Моника Белучи. Тој се ожени со неа во 1999 година, три години откако се запознаа на снимањето на филмот „The Apartment“.

Поранешниот пар ја делат 16-годишната ќерка Дева и 10-годишната Леони, а се разведоа во 2013 година.