ГИ ПРЕКИНА ПОГОДУВАЊАТА: Адел признала дали била во врска со раперот

29 октомври, 2020
adele

Конечно

Откако се разведе од сопругот Симон Кончеки минатата година, 33-годишната британска пејачка Адел често се дружеше со пет години постариот рапер Скепт и се шпекулираше дека се во врска. Сепак, авторката на бројни хитови сега стави крај на шпекулациите и призна дали има нешто повеќе од пријателство меѓу неа и музичарот, и тоа неодамна додека за прв пат настапи како водителка на шоуто „Saturday Night Live“, пишува Mirror.

Да потсетиме, списанието „People“ неодамна напиша дека Адел и Скепт добро се забавуваат додека трае нејзиното емотивно закрепнување од разводот. „Работите се вжештуваат меѓу нив. Адел навистина ужива да се дружи со него. Покрај тоа, тие се движат меѓу истите кругови на луѓе “, им рече тогаш добро информиран извор. Сепак, во последната објава на Инстаграм, во која го коментираше нејзиниот дебитантски настап како водителка, пејачката објасни како всушност стојат работите. „Одлично се забавував на SNL! Благодарност до најдобриот тим, сценаристи и продуценти. Настапував од чиста радост и се надевам дека уживавте и вие. Среќно со претседателските избори Америка, те сакам многу. Среќна Ноќ на вештерките! Сега се враќам во мојата пештера за да (повторно) бидам соло дама со мачките“, напиша таа и со тоа разочара дел од нејзините обожаватели кои навиваа за нивната врска.

Да потсетиме, Адел и Скепт имаат многу заедничко. Двајцата пораснаа во британскиот Тотенхем и двајцата се самохрани родители. Адел од бракот со Симон го има седумгодишниот син Ангел, а раперот ја доби ќерката Ривер пред две години од претходната врска. Пред четири години, Скепт го опиша своето пријателство со Адел за списанието „ЕС“ на следниов начин: „Таа постојано ми праќа смс и ми кажува што има ново кај неа“.