ГО СМЕНИ РАЗМИСЛУВАЊЕТО ЗА 360: Џерард Батлер СОЛО повторно по 7 години – многумина се шокирани од причините за раскинувањето!

21 август, 20200
232955_162003-profimedia0294046983-ff_ff

Двајцата се фотографирани како се бакнуваат на истата плажа претходно овој месец, па нивното раскинување е уште поголемо изненадување.

Холивудскиот актер Џерард Батлер наводно раскинал со својата девојка Морган Браун. Имено, двајцата се заедно скоро 7 години, поради што многумина се изненадени од пропаѓањето на љубовта.

Веста за распадот на оваа двојка ја потврди магазинот „People“. Ова беше уште поголем шок бидејќи биле фотографирани како се бакнуваат на плажа во Лос Анџелес на почетокот на август.

Џерард и Морган се во врска од 2014 година, проследена со кратко раскинување, но наскоро сфатија дека не би можеле да бидат еден без друг.

Според странските медиуми, причина за распадот е тоа што Батлер сака да се посвети на својата кариера.

Сепак, луѓето се дополнително изненадени затоа што во 2017 година изјавил дека е преокупиран од неговата кариера и дека сака семејство!

– Немам приватен живот. Би сакал да имам едно или две деца. Време е – рече тој пред три години, но се чини дека се премислил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *