ГОДИНА ЗА ПАМЕТЕЊЕ: Второто дете на Меган Маркл и Принцот Хари ќе стигне оваа зима?

6 јуни, 20200
imageedit_154_8646671455

Кралскиот астролог Деби Френк, која претходната година најави дека 2020-тата година може да биде пресудна за 35-годишниот принц Хари и сопругата Меган, повторно открива за Hello Magazine што нѝ спрема парот за втората половина на 2020 година.

Во нејзината прогноза таа зборува за како Меган и Хари веќе некој период се соочуваат со проблеми од сите страни, и тие ќе се борат со нив, „секој од свој агол“.  Потешкотиите ќе испливаат на површина во Јули, и повторно ќе ги видиме проблемите од почетокот на оваа година, кои според астрологот, кралската фамилија сѐ уште не ги решила.

Но, после таа борба, парот повторно ќе ја види светлината. Остатокот на 2020 година е исполнет со значајни космички показатели кои ќе и дозволат на Меган да остане на вистинскиот пат, и исто така може да претставуваат возбудливи работи за парот. Старите проблеми од минатото ќе бидат решени.

Исто така, овде доаѓа до израз нејзиното предвидување за нов член на семејството. Според неа, има огромни можности дека ќе имаат уште едно бебе, кое ќе ја заокружи нивната трансформација, и ќе ги смири тензиите во кралската фамилија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi