ГОЛЕМА АНЕГДОТА КОЈА ГИ УНИШТУВА СИТЕ ПРЕДРАСУДИ ЗА РОНАЛДО- Шефот на ресторанот пребледе, гостите беа во шок… А ТОЈ ГИ ВООДУШЕВИ СИТЕ

5 ноември, 2020
2369955_restoran_ls

Шефот на популарен ресторан во Торино раскажа интересна анегдота со Кристијано Роналдо.

Во декември 2018 година, неговиот телефон за заѕвони во ресторанот, тоа беше еден од најдобрите фудбалери на сите времиња – Кристијано Роналдо.

“Се чувствував како да сум во филм, никогаш нема да заборавам. Се подготвував за вечерната смена и добив повик што никогаш не го очекував ниту во сон. Ми се јави Кристијано Роналдо и резервираше маса за тројца на негово име. Веднаш ја прифатив резервацијата, иако ресторанот беше полн. Не знаев што да направам, се надевав дека гостите што резервираа од 19.30 часот ќе ја испразнат масата до 21.30 часот, кога тој го најави своето доаѓање. За секој случај, позајмив маса од блискиот ресторан и ја ставив во еден агол “, се сеќава шефот на „Фиоре“.

Но, Роналдо пристигна со Џорџина и неговиот син Кристијано час и половина порано.

“Тие пристигнаа во 20 часот и не знаев што да направам. Гостите останаа без текст, никој не рече ни збор, но не ни помислуваа да станат. Сите гледаа во Кристијано. Го однесов на позајмената маса. Времето помина и никој не го напушти ресторанот. Како и да е, Кристијано не се жалеше. Тогаш сфатив дека тој е голем човек, а не само најдобриот играч на Светот. Луѓето кои се помалку познати од него ќе заминат по пет минути чекање и ќе бидат многу арогантни. Тој за неговата трпеза чекаше 40 минути“, открива готвачот на ресторанот.

Оттогаш, Роналдо стана редовен гостин во Фиоре.

escort - Korsan taksi