Граници на уметноста: Новиот спот на Карди Б – феминистички или порно видео?

21 август, 20200
profimedia-0551127529-725x404

Граници на уметноста: Новиот спот на Карди Б – феминистички или порно видео?

Популарниот комичар и актер Расел Бренд за време на својот подкаст анализирал дали новиот хит на раперот Карди Б е форма на зајакнување на жените или станува збор за сексуализација на жените без никаква цел

Новата песна на раперот Карди Б „VIP“ крена прашина поради експлицитните сексуални инсинуации. За некои, оваа композиција е еден од начините на кој жените земат наратив за својата сексуалност и покажуваат дека немаат од што да се срамат, додека за други, овој вид „зајакнување“ на жените е непотребен, наведува „Direct“.

Во дебатата се приклучи и комичарот и актер Расел Бренд, кој веќе неколку години има свој подкаст, преку кој на своите слушатели им дава мислење за разни теми.

Се прашуваше дали станува збор за феминистичко ремек-дело или порно видео?

Обраќајќи се пред своите слушатели, тој изјави дека овој начин на пропагирање на сопствената сексуалност е форма на преземање на урнек што веќе постои во машките хип-хоп видеа.

  • Дали е оваа еднаквост ако образецот е веќе креиран од поранешниот доминатор? Одговорот е не, рече Бренд и предизвика насилни реакции од женскиот дел од неговата публика.

По оваа изјава, актерот размисли дали поранешната британска премиерка може да се смета за феминистка, само затоа што таа беше на најмоќната позиција во земјата како жена.

Многумина на социјалните медиуми забележаа доза на иронија во неговите коментари. Пред да престане да консумира опојни средства, Бренд беше многу гласен кога ги споделуваше своите промискуитетни приказни со јавноста. Некои се прашуваа зошто му било „дозволено“ јавно да зборува за неговите сексуални искуства, додека вакво нешто не е во ред кога тоа го прават две жени.

Осуди дојдоа и заради неговите коментари од пред неколку години кога тој рекол дека одбива да менува пелени за своето дете затоа што прифатил „мистичен“ став кога станува збор за родителството, дека го оставил „практичниот“ дел од воспитувањето на сопругата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi