Грета Тунбер – Мора сите да сме обединети

6 јуни, 2020
thumbs_b_c_c6e2fd81b22301f76928b309e4a70388

Американската борба за расна правда по смртта на Џорџ Флојд е дел од борбата против климатските промени и за социјалната правда која не обединува, изјавила климатската активистка Грета Тунберд.

Седумнаесетгодишната Швеѓанка е позната по критикувањето упатено кон слетските лидери во прашањето за климатските промени, но за време на протестите ширум САД и пандемијата на корона вирусот, таа ја пренела својата порака.

Таа зборувала за време на донаторка вечера за купување на медицинска опрема и овозможување на медицинска услуга на жителите во прашумата Амазон во Бразил.

Поради слабата достапност на медицинска услуга во ова подрачје резултатите од корона заболувањето се девастирачки.