Грижливи син и татко: Бредли Купер открива дека не излегол од дома со месеци поради болната мајка и тригодишната ќерка

2 септември, 2020
1302261

Холивудскиот актер Бредли Купер откри во своето последно интервју дека за време на карантинот поради корона вирусот бил специјално заштитен и не излегувал од дома со месеци. Неговата мајка е сериозно болна и така тој би ја довел во голема опасност

Пандемијата со корона вирусот принуди многумина да направат потези на кои дури тогаш не ни помислуваа. Еден од нив е холивудскиот актер и продуцент Бредли Купер, кој веќе неколку месеци не го напуштил домот за доброто на своите најблиски.

„Најлошиот период, пред да бидат релаксирани мерките, го поминав во мојот дом со мајка ми, ќерка ми и две кучиња. Јас не ја напуштив куќата. Мајка ми наскоро ќе наполни 80 години и е тешко болна, има клостомска кеса. Не пуштив никого во куќата, ниту отидов никаде. Ако се зарази со корона, тоа ќе биде крај на неа “, објасни грижливиот Купер, кој е крајно приврзан за неговата мајка.

„Живееме во куќа во град со исклучително мала градина, но дури и тој мал дел во воздухот добро ни се најде во таа ситуација. Тука е и мојата жилава ќерка Леа, која ја научив да плива во када за време на карантин, навистина и се допадна ”, рече 45-годишникот.

Купер го дели детето со неговата сега веќе поранешна партнерка Ирина Шајк, од која се раздели минатата година, но со која продолжи да ја одгледува Леа.

escort - Korsan taksi