Хајди Клум позира со нејзината мајка и ќерка! Оправдано ја нарекуваат „бел ангел“!

14 декември, 2020
hajdi

Манекенката Хајди Клум (47) позираше со нејзината мајка Ерна, од која очигледно ја наследи убавината и ќерката Лени Клум (16), која изгледа како нејзина минијатурна копија.

Таа на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која се гледаат три генерации, нејзината мајка и ќерка и Хајди помеѓу двете позира со широка насмевка на лицето.

Лени изгледа како минијатурна верзија на Хајди, барем според косата и цртите на лицето, но за разлика од славната мајка, таа има прекрасни сини очи, кои изгледаат како чисто небо.

Во студиото со мама и Лени – напиша моделот, а фотографијата е направена кога Хајди и Лени биле фотографирани за насловната страница на „Вог Германија“ за 2021 година.

Имено, Лени тргна по стапките на својата славна мајка, па така пред неколку дена, дебитираше со моделот на насловната страница, а по тој повод, Хајди беше особено емотивна и горда на својата наследничка.

Јас сум толку горда на тебе. И не затоа што го одбра овој пат. Знам дека без разлика по кој пат ќе одиш, тоа ќе биде твое. Ти секогаш точно знаеш што сакаш и што не сакаш. Ти си мини мене. И јас сум среќна затоа што сега можеш да покажеш која си – рече Хајди.

escort - Korsan taksi