Хаос на Инстаграм поради сликата на руската манекенка и Конор МекГрегор!
Руската поранешна олимписка гимнастичарка и манекенка Каролина Севастјанова на својот профил на Инстаграм објави фотографија од ресторан каде е во прегратка на Конор МекГрегор.
Нејзините следбеници почнаа да поставуваат прашања за тоа што бара со поранешниот двострук UFC првак, кој летува со неговото семејство и жена во областа на Франција.
“Луѓе, престанете да ми ги поставувате тие прашања. Јас му пристапив со сопругот, а тој беше со неговата сопруга”, напиша Каролина на нејзината Instagram Story. Прекрасната Русинка е во врска со богат наследник, Александар Мазанов.
Каролина се повлече од професионалниот спорт на само 17 години, откако освои златен медал на Олимписките игри во Лондон 2012 година. Потоа, таа започна да моделира и да ја красеше насловната страница на руското издание на магазинот „Maxim“ во 2015 година, а едно време беше и водителка.