„Хари го нарече Вилијам сноб поради коментарите за Меган“

27 јули, 20200
Annotation 2020-07-27 144341

Драма во кралското семејство

Животот на кралското семејство е секогаш под лупата на јавноста. Главните протагонисти на оваа приказна се брачните парови Вилијам и Кејт и Хари и Меган, кои го напуштија семејството на почетокот на април. Иако има многу озборувања за нивниот приватен живот, наскоро излегува книга во која треба да бидат откриени многу тајни. Како што пишува Daily Mail, детално се опишани настаните што му претходеле на повлекувањето на Хари и Меган од кралскиот живот. Сепак, Хари и Меган негираа дека биле интервјуирани за оваа книга.

Меѓу другото напишано, беше откриено дека Хари му бил лут на Вилијам и го нарекол „сноб“, откако Вилијам го предупредил да забави – со таа девојка. Наводно, Вилијам бил загрижен за неговиот брат затоа што се сомневал дека Меган сакал да го искористи додека Хари бил „заслепен од страста“. После тоа, браќата не разговараа со месеци, а наводно Кејт не се мачела да го попраи нивниот однос бидејќи Меган и нејзе не и била драга.  

Daily Mail исто така навдуваат дека Хари и Меган чувствуваат дека не се сфатени сериозно и се сомневале дека некој од палатата открива работи за нив. Поради сето тоа, сепак се одлучија да заминат од Велика Британија, каде не се чувствувале исполнето и задоволно. Парот и нивниот 14-месечен син Арчи сега живеат во Лос Анџелес откако во март се откажаа од кралските должности како би започнале нова кариера. Во јануари објавија дека сакаат да водат самостоен живот кој сами ќе го финансираат.

meghan harry archie

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *