Хејли Бибер блескаше без тронка шминка, додека Џастин беше на мета на критики поради една своја постапка

20 јуни, 2020
justin-bieber-and-hailey-rhode-bieber-attend-youtube-news-photo-1582998730

Манекенката Хејли Бибер (23) и нејзиниот сопруг, пејачот Џастин Бибер (26), беа фотографирани како шетаат заедно во зграда во Беверли Хилс, а тој цело време се држеше за неговите гениталии.

Во таа прилика, манекенката го покажа цврстиот стомак во црн crop – top и избледени фармерки, додека Џастин носеше полежерна облека.

Манекенката цело време заводливо се смешкаше, а сите го забележаа нејзиниот рамен стомак. Неодамна откри дека со месеци оди на јога, со цел да одржи совршена фигура.

Она што им го привлече вниманието на сите, поради што станаа мета на чудни коментари, е тоа што Бибер често ги “зграпчувал” неговите гениталии.