Хери и Меган волонтираа во пекара: Со хуманитарната работа би можеле да “соберат” милион фунти

26 јуни, 20200
Annotation 2020-06-26 183918

Ова е трет пат како Меган и Хари волонтираат во хуманитарни цели откако ги напуштија кралските должности. Во април им помогнаа на сиромашните за полесно да ја пребродат кризата.

Принцот Хари (35) и Меган Маркл (38) откако се откажаа од кралските должности, тие се занимаваат со различни активности. Daily Mail напишаа дека тие сега волонтираат во една пекара во Лос Анџелес.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕО: Меган и Хари се најплатениот познат пар

https://www.24sata.hr/show/harry-i-meghan-volontirali-su-u-pekarnici-humanitarnim-radom-mogli-bi-pokupiti-milijun-funti-701801

Најновата идеја произлегла откако сфатиле дека можат да заработат милион фунти ако соработуваат со елитна агенција со која се во контакт и Барак (58) и Мишел (56) Обама.

  • Меган и Хари планираат да проговорат за социјалните прашања вклучувајќи ја расната неправда, половата рамноправност, животното и менталното здравје. Се чудам како ова не го правеле порано. Ова ќе им биде еден од најголемиот извор на заработка.  Ова е нивниот прв чекор во кариерата откако го напуштија кралското семејство – изјави британскиот агент за односи со јавноста Марк Боровски (61) за странските медиуми.
The Duke and Duchess of Sussex visit Homeboy Industries in Los Angeles

Парот сподели  фотографии од пекарата. Им помогнале на работниците да ја спремат храната и дознале нешто повеќе за самата програма на организацијата. А на инстаграм профилот вработените во пекарата им се заблагодарија.

  • Им благодариме на Меган и Хари што го посетија нашиот тим. Нас ни е посебно задоволство тоа што помогнаа во подготвувањето на храната и дознаа повеќе за нашата неодамна започната програма #feedHOPE, која ги вработува нашите соработници во програма за обезбедување на оброк за сите постари и помлади во Лос Анџелес кои тоа не можат да си го приуштат во екот на пандемијата – стои во објавата.
  • Ова е трет пат како Меган и Хари може да се видат како волонтираат во хумантиранри цели откако ги напуштија кралските должности. Во април им помогнаа на сиромашните во Лос Анџелес за полесно да ја победат кризата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *