Хју Грант кршеше срца ширум светот, а сега мисли дека е грд и стар

11 септември, 2020
1579257740770-hju-grant-830x0


Англискиот актер и филмски продуцент Хју Грант (60) е еден од најуспешните актери во романтични комедии, а за време на неговата 35-годишна кариера во медиумите, тој често беше мета поради приватниот живот и скандалите што ги правеше. Славниот актер неодамна наполни 60 години и откри дека не му одговара начинот на кој старее. „Станав премногу стар, премногу грд и дебел за да снимам повторно романтични комедии, па сега правам и други работи“, рече Хју во едно интервју. Да потсетиме, ѕвездата на романтичните комедии имаше 13 години врска со неговата колешка Елизабет Харли (55), а по две децении од раскинувањето, тие се уште се најдобри пријатели.


Грант и Харли се запознаа на снимањето на филмот „Веслање со ветрот“ во 1987 година. Хју го играше Лорд Бајрон, додека Елизабет ја толкуваше неговата поранешна љубовница Клер Клермон. Тие се зближија за време на снимањето и наскоро станаа пар. По осум години врска, актерот беше фатен со проститутка во Лос Анџелес, тој беше уапсен од полицијата, а неговите фотографии ги објавија таблоидите ширум светот. Сепак, тоа не ја уништи нивната врска, но тие останаа заедно уште пет години. Не е изненадувачки што другите пет години беа проследени со гласини дека Хју сè уште ја изневерува Елизабет, но парот истакна дека решија сè и тоа не беше причина за нивното раскинување.

escort - Korsan taksi