Холивудската дива се бори на сетот под нови услови: „Морничаво е да се глуми вака, изгубена сум“

10 декември, 2020
pxl-120227-495_DBBpH22

Во филмот преполн со sвезди играат и Џенифер Лоренс, Леонардо ди Каприо, Џона Хил, Аријана Гранде, Тимоте Халамет, Метју Пери, Кејт Бланшет и многу други. И на сите им е тешко да се навикнат на новите услови

Една од најпочитуваните актерки на денешницата, тројната добитничка на Оскар, Мерил Стрип (71), откри во интервју за водителот Стивен Колберт како изгледало да се снима во пандемија на корона вирусот. Тој моментално го снима филмот „Don’t Look Up“.

– Јас ја играм претседателката на Соединетите држави и иако тоа е филм за глобална катастрофа, мислам дека е доста смешен. Првата сцена ја снимивме пред неколку дена и јас бев катастрофална – отворено рече холивудската дива.

Во филмот исполнет со sвезди играат и Џенифер Лоренс, Леонардо ди Каприо, Џона Хил, Аријана Гранде, Тимоте Халамет, Метју Пери, Кејт Бланшет и многу други. Секој, вели таа, тешко се навикнува на условите на „новата нормалност“.

– Треба да бидеме претпазливи додека снимаме, а јас бев целосно сама на снимањето. Веќе во првата сцена, влегувам на стадионот пред 20 000 луѓе, кои со монтажата ќе се дуплираат. Се разбира, имаше само неколку. Статистите навиваа, но под маски ништо не се разбира. По долго време го видов лицето на огромниот екран и беше целосно блокирано. Не можев да се сетам на текстот, тој беше морничав. Морам да се подготвам до понеделник – заклучи актерката.

escort - Korsan taksi