ХОЛИВУДСКИ АКТЕР ИЗНЕНАДНО ПОЧИНА! Семејството моли за пари за погреб

13 септември, 2020
stivi

Актерот Стиви Ли неодамна ненадејно почина на 54-годишна возраст, а неговото семејство се најде во многу непријатна ситуација која уште повеќе ги шокираше многумина. Имено, тие јавно апелираа за финансиска помош за да можат да го погребаат.

За да можат да му подготват достоинствен погреб членовите на семејството бараат помош од навивачите, пишуваат странските медиуми. Имено тие започнаа кампања на GoFundMe за да може воопшто да ги покрие трошоците за погребот. За погребот се грижи братот Џим Ричардсон кој ќе организира збогување, ако собере доволно приход.