Хороскопски знаци кои најмногу се плашат од болести!

4 мај, 20200
хороскоп

Овие знаци си измислуваат дијагнози, а сега во време на пандемија, сигурно им е уште потешко.

Од болести најмногу се плашат следниве знаци:

1. Девица

Девицата е најголемиот хипохондрик во Зодијакот. Најчесто ќе ја сретнете по амбуланти и болници. Секогаш оди на прегледи мислејќи дека е болна. Во некои случаи тоа може да премине во опсесија. Затоа постојано го чисти домот, мие раце и обавезно се вакцинира против грип, а се затвора дома кога е сезона на вируси и настинки.

2. Јарец

Ним им е најтешко да излезат на крај со сопствените стравови. А еден од нив е и стравот од болести. Но нивниот страв од болести е толку голем, што тие бегаат од доктори.

3. Риби

Рибите имаат бујна фантазија и си замислуваат работи што не постојат. Така е и со болестите. Лесно паѓаат под влијание на паника. Ќе отидат на боледување и ќе избегнуваат контакти со други луѓе.

4. Рак

Ракот не размислува за болести сè додека не се појават некои здравствени проблеми. Е тогаш настапува паниката! Знае дека не може да пребарува на интернет бидејќи така ќе наиде на информации кои го кажуваат најлошото. Дури знае да сокрие од другите дека нешто не е во ред со нив.

5. Вага

Вагите не се паничари кога е здравјето во прашање, но сакаат да привлекуваат внимание. Очекуваат од блиската личност да се грижи за нив. На доктор нема да отидат освен ако работите не отидат предалеку.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *