„Хрватска не е свесна какво богатство се крие во моите пантолони…“

16 август, 2020
Annotation 2020-08-15 231301

Пред неколку години, за време на естетска операција, на Цигановиќ му беше дијагностициран приапизам, болна ерекција која не е поврзана со сексуалната возбуда

Стилистот и социјален хроничар Невен Цигановиќ (47) со години е присутен на хрватската јавна сцена, а во последно време странските медиуми објавуваат за неговиот карактер и дело. Во овој случај за неговата ерекција.

Пред неколку години, за време на операција, на Циги му беше дијагностициран приапизам, болна ерекција која не еповрзана со сексуалната возбуда.

– Мојот пенис е сè уште крут. Се обидувам да го урнам Гинисовиот рекорд затоа ми е дигнат веќе 34 дена – рече тогаш модниот стилист.

Тој сега на социјалните медиуми објави дека светските медиуми сè уште пишуваат за неговата ерекција, а испрати и порака до бројни колеги од естрадата.

– Што ти е неправда? Некои луѓе работат целиот свој живот за да постигнат светска слава, а за мене е доволно само да ми се дигне. Веќе три години сум светска сензација. За жал, Хрватска никогаш не била свесна за тоа какво „националното богатство“ ми се крие во пантолоните – рече Невен.

Домашните sвезди често се наоѓаат на целта на Цигановиќ, а неодамна меѓу нив „залута“ едно од светските лица, Џастин Бибер (26). Тој сподели фотографии од маички кои е нацртан пејачот, а цртежите го потсетија Циги за себе.

– Влегов во продавница и ја видов мојата фотографија на облека. Бев воодушевен што толку познат моден ланец продава маици со мојот лик. Се приближив до прозорецот на продавницата, а потоа следеше ладен туш. Па, тоа не сум јас, тоа е Џастин Бибер. Мојата лоша копија или, како што би се рекло, „Циги за сиромашни“. Искрено, размислувам да ја тужам таа компанија за менталната болка што ми ја предизвикаа – кажа Цигановиќ со добро расположение.