Хуман гест на една од најпознатите светски модели: Бела Хадид донира облека за бездомници

20 декември, 2020
bela-hadid-1-620x350

– Во оваа тешка година, многу луѓе останаа без работа, домови … – навела манекенката во својата објава

Бела Хадид, една од најпознатите модели на денешницата, се одлучи за хуман гест. Имено, таа одлучи да донира облека за бездомници, како и за оние луѓе кои немаат пари.

Бела објави на Instagram, и објасни зошто го сторила тоа.

– Снегот е прекрасен, но секој ден, како станува постуден, не можам да не мислам на луѓето кои немаат дом оваа зима … кои секое утро одат по снегот без ќебето што им треба, работниците на улиците … Секогаш Размислувам за луѓе кои не можат да си дозволат топла облека, како и за нивните деца, родители … – наведе Бела:

– Во оваа тешка година, многу луѓе ги загубија своите работни места, домови, и пред сѐ, овој проклет снег ја отежнува нивната состојба и носи тага и обесхрабрување. Го преполовив плакарот и најдов неколку топли работи, јакни и палта да ги испратам до „The Peppers Table New York“, кои ќе ја соберат облеката и ќе ја постават низ градот и ќе им ги дадат на луѓето на кои им е потребна облеката. Ќе продолжам да ги поддржувам, особено во текот на зимата – вели манекенката и ги покани луѓето да помогнат.

Еве ја нејзината објава:

escort - Korsan taksi