Хуманитарецот Бред Пит носел кутии со храна: „Не го препознавме“

19 ноември, 2020
pxl-reu-190919-26060867


Имајќи предвид дека носеше маска, но и фармерки, маица и кошула, многумина немаа поим дека храната им ја доставил легендарниот актер. Тој разговараше со собраните, и за да ја направи целата ситуација позабавна, тој пушти музика.


Холивудскиот актер Бред Пит (56) им помогна на оние кои имаат потреба во Лос Анџелес минатата недела. Бред носеше кутии со храна во „South Central“, а луѓето што стоеја во ред да ја набават храната што Бред ја донесе во камионот и ги доставуваа кутиите со часови.


Сите оние со понизок финансиски статус беа благодарни за помошта, но многу од нив не сфатија дека се во присуство на една од најпознатите sвезди на денешницата. Некои го припишуваат ова на стилот на облекување на Пит; носеше фармерки, маица и кошула, а имаше и маска, па уште потешко беше да се препознае.

– Тој воопшто не се истакна. Дојде и ги донесе кутиите, но имаше маска за да се заштити од короната. Многумина немаа поим кој е тој – изјави извор за странски медиуми. За време на паузите од помагање, Бред запали цигара, разговараше со бринетата, но и го прегрна својот пријател, британскиот уметник Томас Хаусаго (48), кога го виде.