И денес нивниот пропаднат брак ја фасцинира јавноста, а еве како започнала големата романса!

28 април, 20200
bred

Иако Џенифер Анистон и Бред Пит се разведоа пред повеќе од 15 години и со тоа ја шокираа јавноста, нивната врска до денес е предмет на интерес.

Парот кон крајот на 90тите години од минатиот век беше главна тема во Холивуд, а најмногу се зборувало за почетокот на нивната романса. Бред тогаш ја прекинал свршувачката со Гвинет Полтроу, а со Џенифер се запознал преку неговиот агент.

Тие се венчале летото во 2000 година во Малибу. Иако Џенифер сакала да има деца со Бред, желбата не и се исполнила затоа што во 2005 година парот се разведе. Причина за развод беше Анџелина Џоли со која Бред подоцна се ожени. Бидејќи бракот не завршил славно, Бред и Џенифер не останаа во добри односи, но во последниве години повторно почнаа да комуницираат, особено по разводот на Бред со Анџелина. Обожавателите сè уште навиваат за нив двајца, но се чини дека нема изгледи за обновување на старата романса.

Медиумите пишуваат дека тие двајца се само добри пријтели. Но, јавноста се надева на нова романса, особено сега кога и двајцата се слободни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi