И држеле пиштол на слепоочница: Ким Кардашијан за пеколот низ кој минала!

21 октомври, 2020
1557741743_0_96_3071_1823_600x0_80_0_0_6b0991f8bdd62224fbdcb0bdf714f07a

Ким Кардашијан се отвори за грабеж кој се случил во Париз пред четири години, кога ја врзале и ја ставиле во када, додека крадците го зеле целиот нејзин накит вреден милиони.

Таа во емисијата на Дејвид Летерман откри дека се плашела додека крадците држеле пиштол кон нејзината глава дека постарата сестра Кортни подоцна ќе ја најде мртва во собата. Старлетата таа ноќ престојуваше во хотелска соба, додека Кортни се забавуваше со нивното единствено обезбедување. Ким рече дека таа година го спакувала целиот свој накит за Париската модна недела, што е нешто што „никогаш порано не го направила“. – Околу 3 часот наутро, слушнав тропање по скалите и поради тоа почувствував паника, бидејќи верував дека има некој да ме фати – рече Кардашијан и додаде дека натрапниците и влегле во нејзината соба откако таа се обидела да се јави на 911. Тие побараа да им го даде прстенот што нејзиниот сопруг Кание Вест и го подари само неколку дена порано.

Косметический бизнес Ким Кардашьян оценили в $1 млрд :: Бизнес :: РБК


– Си помислив, добро, ова е моментот кога ќе ме силуваат. Ова ќе се случи, само подготви се. Потоа ми стави лисици на рацете,и ми ги залепи устата и очите. Ким рече дека во тоа време бил вперен пиштол кон неа и дека се плаши дека Кортни ќе се врати и ќе ја стави во опасност. – Продолжив да размислувам за неа, мислев дека ќе се врати дома, а јас ќе бидам мртва во собата и ќе ја истрауматизирам до крајот на мојот живот.

escort - Korsan taksi