Им давала отказ поради боледување и одење на погреб на членовите од семејството: “Да се работи за неа беше пекол”

19 јули, 20200
Annotation 2020-07-18 164409

Елен Деџенерес се најде под оган од критичарите пред неколку недели кога нејзините поранешни вработени почнаа да им кажуваат на медиумите со што се се соочуваа додека работеа за неа.Елен Деџенерес се уште е под напад од коментарите на нејзините сегашни и поранешни вработени поради нејзиниот став кон нив.

Десет нејзини поранешни вработени и една моментална излегоа во медиумите со тврдења дека работењето за неа е како пекол, но тие не сакаа да го откријат својот идентитет во страв од тужба и отрказ. Тие ја опишаа како околината во која работеле или сé уште работат е полна со расизам, страв и омаловажување.

“Ваквите ситуации се случуваат скоро секогаш кога камерите ќе се исклучат. Таа е прикажана како сосема друга личност, но во реалноста таа е ужасна”, рече една од нејзините вработени.

Поранешните вработени кај Елен истакнале дека таа ги отпуштила нив поради болест, поради тоа што оделе на погреби на членовите на нивното семејство, а едната од нив била отпуштена бидејќи објавила селфи од канцеларијата на социјалните мрежи. Исто така, имаше голема разлика помеѓу вработените што ги претпочиташе и оние што не ги сакаше. Таа им даваше подароци на сите што ќе ја воодушевуваа, а останатите само ги вознемируваше.

„Елен не е мозок на нејзиното шоу и ги омаловажува, ги обвинува луѓето кои се одговорни за нејзиното шоу и таа не сака да признае колку и помагаат и колку е важно за сите нас да бидеме тим“, велат нејзините вработени.

Голем дел од нив тврдат дека презентерката нема никаква одговорност, и секоја направена грешка ја преувеличува и почнува да вреска кон сите околу себе. Тие тврдат дека таа во основа е злобната личност која се крие зад симпатичното лице на презентерката која ја обожава целиот свет.

Елен (62) во последните 30 години се покажува дека е топла и пристапна личност во јавноста, а растечките гласини за тоа како изгледа зад камерата може сериозно да и наштетат на нејзината кариера. Додека сите се караат за тоа како таа се однесува со своите вработени, Елен не се занимава многу со тоа и ужива со нејзината сопруга Порша де Роси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi